Вкупно 30 учесници присуствуваа на обука организирана од Националната федерација на фармери (НФФ), посветена на организациите на производители – здруженија на земјоделци кои преку заеднички настап на пазарот обезбедуваат подобар пласман, повисоки приходи и посилна преговарачка позиција.
Обуката беше фокусирана на два клучни сегменти:
Маркетинг и пристап до пазари
Користење на финансиски поддршки за развој на организации на производители
Предавачи на обуката беа Габриела Димовска и Владимир Христов, кои преку практични примери и реални искуства им пренесоа корисни знаења на учесниците за унапредување на нивното работење и пазарен настап.
Активноста беше организирана од Националната федерација на фармери, со поддршка од Шведска и шведската организација за развој We Effect, преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.
Stay In Touch