Во рамки на националната кампања „ФЕР АНГАЖМАН“, успешно се реализираа информативни сесии во Прилеп, Неготино и Куманово, насочени кон информирање на земјоделците и другите релевантни чинители за примената на Законот за работно ангажирање на лица и системот е-работа.
Овие активности се дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во МК“, кој го спроведува GIZ во соработка со Центарот за истражување и креирање политики, со цел промоција на законските решенија и нивна практична примена, особено во земјоделските региони.
Националната федерација на фармери имаше значајна улога во мобилизација, координација и директна комуникација со фармерите, придонесувајќи за зголемена информираност и вклученост.
Учесниците добија практични информации за формализирање на работниот ангажман, пензиско осигурување и осигурување при повреда, задржување на социјалните права, можност за легален дополнителен приход.
Беше нагласена и потребата од континуирана поддршка на малите земјоделци и зајакната соработка помеѓу институциите и граѓанскиот сектор за одржлив развој на руралните средини.
Следни информативни сесии се на 16 април во Струга и 17 април во Охрид