На 17 април 2026 година (петок), со почеток во 10:00 часот, во салата на Советот на Општина Охрид, ќе се одржи информативната сесија „ФЕР АНГАЖМАН“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица. Настанот се организира во рамки на кампањата „ФЕР АНГАЖМАН“, како дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, кој го спроведуваат Центарот за истражување и креирање политики и GIZ North Macedonia, во соработка со Министерството за економија и труд и Агенција за вработување на РСМ / Agjencia për punsim e RMV.
Во рамки на настанот ќе бидат презентирани клучните аспекти на Законот, категориите лица кои можат да бидат работно ангажирани, нивните права и обврски, како и презентација на електронскиот систем за пријава и одјава (е-Работа).
Stay In Touch