Националната федерација на фармери ја одржа првата седница на новиот Управен одбор, со кој претседаваше Стеванче Јорданоски, претседател на Управниот одбор и на НФФ.
На седницата беше разгледан и усвоен Деловникот за работа на Управниот одбор, а за извршен директор повторно едногласно беше назначен Стеван Орозовиќ, кој ја доби довербата од сите членови за успешно водење на Извршната канцеларија на НФФ.
Посебен акцент беше ставен на разгледување на измените на Законот за земјоделство и рурален развој, особено во делот што се однесува на признаените организации на производители. Се разговараше и за тековните земјоделски активности како:
жетвата на пченицата претстојните откупи.Воедно, беше истакнато дека под-секторскиот систем на НФФ во наредниот период ќе бидат поактивни во насока на решавање на земјоделските предизвици.