Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.
Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на млади кои ќе бидат ангажирани во работата и актвностите на НФФ.
Апликантите треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови/квалификации за кандидатите:
– да се скоро дипломирани на Факултетоте за Правни науки, Филозовски факултет, Земјоделски Факултет и Економски факултет или на истоимените факултети да се во завршна година на студирање;
– да располагаат со способност за успешно комуницирање;
– способност за добро писмено изразување и истражување;
– да располагаат со иницијативност, аналитичност и интерактивност.
Специфични услови/квалификации за кандидатите:
– добро познавање на англискиот јазик и работа со компјутери (MS Office, Word, MS Outlook, Internet);
– познавање на општествените (политички, правни, економски и социјални) процеси во земјата.
На повикoт може да се пријават лицата кои ги исполнуваат општите и посебните услови. Доколку се помине селекцијата со интервју кандидатот добива понуда со соодветен Terms of reference за работа во организацијата во рамки на определен проект за пола или цел месец.
Вашите Биографии доставувајте ги на nff@nff.org.mk или може да се пријавите за интервју на телефонскиот број 071279023
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат веб-локацијата на Националната федерација на фармери www.nff.org.mk од каде можат да добијат информации за функциите, надлежностите и работата на организацијата
Повикот е отворен од 15.12.2021 – 1.02.2023
Stay In Touch