23.07.2026

Националната федерација на фармери (НФФ) е најголемата земјоделска организација во земјата што ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничка визија: Профитабилно земјоделство – стабилно село и Мисија: Организиран фармер-лидер во земјоделскиот и руралниот развој на Република Македонија.

Од април 2026 година, Националната федерација на фармери (НФФ) го спроведува проектот „Farmer Unity for Market Resilience“, поддржан од Шведска и имплементиран во соработка со Шведската организација за развој We Effect.

Очекуваните резултати од проектот се:

  • Резултат 1: Организации на производители се конкурентни на пазарот.
  • Резултат 2: Одржливи земјоделски производи и услуги се воспоставени и испорачани преку функционални организации на производители.
  • Резултат 3: Политичките и институционалните рамки кои ги поддржуваат организациите на производители и се зајакнати во согласност со стандардите на Европската Унија.

Во рамки на проектот, НФФ објавува Отворен повик за избор на трговски центар во Скопје за обезбедување саемски простор и изнајмување на саемски штандови за организирање на три еднодневни затворени продажни саеми, кои ќе се одржат во декември 2026 година, како и во февруари и декември 2027 година.

Излагачи на саемите ќе бидат земјоделци регистрирани како мали оператори со храна, согласно прописите на Агенцијата за храна и ветеринарство. На саемите ќе бидат изложени и понудени домашно произведени и традиционални производи, со цел да се овозможи директен пласман на производите, да се зголемат приходите на малите земјоделски производители и да се поттикне нивната конкурентност на пазарот.

Заинтересираните понудувачи (трговски центри) за овој Отворен повик треба да ја достават следната документација:

  • Портфолио со успешно организирани настани/саеми, кое ќе содржи краток опис на секој организиран настан или саем и датумот на негово одржување. Доколку портфолиото е јавно достапно на официјалната веб-страница на компанијата, може да се достави директен линк до соодветната страница.
  • Финансиска понуда, која задолжително треба да содржи:
    • Цена за еден (1) саемски штанд;
    • Вкупна цена за сите 30 штандови за еден (1) саем;
    • Вкупна цена за сите три (3) саеми.

Сите цени треба да бидат изразени во денари (МКД), со вклучен ДДВ.

Напомена: Цената по саемски штанд треба да ги опфаќа сите трошоци поврзани со испораката на услугите наведени во Дел 2 од ToR.

Понудите да се достават истовремено на двете мејл адреси: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 21.08.2026

 Сите прашања може да се упатат на vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 14.08.2026.

Целосниот текст на повикот, заедно со Термините на референца (ToR), е објавен подолу.