Националната федерација на фармери (НФФ), заедно со своите членови – мали оператори со храна, учествуваше на АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2026, шестиот Саем на храна, мед и пијалоци, кој се одржа во Струмица на 3.10.2026 во организација на Проагро Фармери, со поддршка од Општина Струмица.
Саемот претставува значајна можност за промоција на домашните земјоделски и прехранбени производи, директно поврзување на производителите со потрошувачите и создавање нови можности за малите оператори со храна да ги презентираат своите производи и да остварат нови деловни контакти.
Преку своето учество, НФФ даде поддршка на своите членови – производители кои вложуваат во развојот на локалното производство, зачувувањето на традиционалните производи и создавањето додадена вредност во руралните средини.
Саемот го посети и Стеванче Јорданоски, претседател на Националната федерација на фармери, кој истакна дека ваквите манифестации се од особено значење за развојот на земјоделството и руралните средини.
Тој нагласи дека саемите се важна можност домашните производители директно да ги претстават своите производи пред потрошувачите, да воспостават нови контакти и да создадат дополнителни можности за пласман.
Посебно значење има поддршката за малите оператори со храна, кои преку својата работа придонесуваат кон развојот на локалната економија, создавање работни места и зачувување на традиционалното производство и локалните вкусови.
НФФ продолжува да работи на поддршка на малите оператори со храна преку едукација, промоција на нивните производи, јакнење на нивните капацитети и создавање можности за подобро поврзување со пазарот.
Stay In Touch