На 5 октомври 2026 година, Националната федерација на фармери (НФФ) учествуваше на свечениот прием по повод Денот на германското единство, организиран од Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер.
Од НФФ на приемот присуствуваа Стеванче Јорданоски, претседател на НФФ, и Билјана Петровска-Митревска, програмска менаџерка во НФФ.
НФФ упатува благодарност за поканата и можноста за средба и размена на идеи за зајакнување на партнерствата и соработката во насока на одржливо земјоделство и рурален развој.
Stay In Touch