Датум на објава: 23.07.2026 година
I. Вовед
Националната федерација на фармери (НФФ), како најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, планира да одржи четиридневна обука во рамките на проектот „Farmers Unity for Market Resilience“, поддржан од Шведска и Шведската организација за развој We Effect.
Обуката е предвидено да се одржи во Велес, во периодот од 9 до 12 ноември 2026 година, со учество на 35 лица.
Четиридневната обука се состои од три модули:
Модул 1: Обука за климатски паметно земјоделство
Модул 2: Обука за финансиска писменост
Модул 3: Обука за пристап до финансии и иновации
Обуките се наменети за малите земјоделци и потенцијалните членови на Организации на производители.
II. Предмет на понуда
За потребите за одржување на обуката, Националната федерација на фармери има потреба од следниве услуги:
Сместување: За 35 учесници во еднокреветни соби на база на полн пансион (3 FB еднокреветна соба по лице). Престојот започнува со ручек на првиот ден, а завршува со доручек на последниот ден.
Конференциска сала: Користење на сала со капацитет за 35 лица.
Поставеност на седење: П-систем (U-shape)
Опременост: Флип-чарт, платно и проектор (или соодветна замена ТВ за презентација)
Кафе-паузи: Вкупно 10 кафе-паузи распределени по денови:
09.11.2026 – 2 кафе-паузи
10.11.2026 – 3 кафе-паузи
11.11.2026 – 3 кафе-паузи
12.11.2026 – 2 кафе-паузи
Вода во сала: Обезбедена флаширана вода за пиење во салата за сите учесници за целото времетраење на настанот.
Ручек: Ручек за учесници и/или обучувачи кои нема да користат хотелско сместување.
Завршен ручек: Дополнителен ручек со 1 безалкохолен пијалок на 12.11.2026 година за сите учесници.
III. Содржина на понуда
1) Финансиска понуда
Финансиската понуда треба да содржи:
Цена за сместување во еднокреветна соба на база полн пансион FB по лице
Во цената за полн пансион да биде вклучен 1 безалкохолен пијалок за време на ручек и 1 безалкохолен пијалок за време на вечера и туристичка такса.
Цена за користење на сала со капацитет за 35 лица
Слика од салата и/или опис информација за капацитетот и опременоста.
Цена за кафе пауза (кафе, чај, вода) по лице
Цена за вода во сала 0.5l
Цена за дополнителен оброк (ручек)/ по лице (со вклучен 1 безалкохолен пијалок)
Напомена за цените:
сите цени треба да бидат изразени во македонски денари (МКД) со вклучен ДДВ.
Доколку ДДВ не е вклучено, понудувачот е должен тоа јасно да го наведе.
Доколку понудата содржи цени во евра (EUR), потребно е да се наведе искористениот курс. Во спротивно, НФФ ќе го примени средниот курс на НБРМ на денот на евалуацијата.
IV. Рок и начин на поднесување на понуда
Краен рок за доставување: 21.08.2026
Начин на доставување: Понудите задолжително се доставуваат на следните две е-маил адреси: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk.
Понудите доставени по истек на крајниот рок, како и оние кои не се во согласност со барањeто нема да бидат земени во предвид.
V. Информации
За сите дополнителни прашања и информации, може да се обратите најдоцна до 14.08.2026 на vidanka.martinovska@nff.org.mk или на телефонскиот број 071-279-023.
VI. Критериуми за избор
Задолжителни барања: Понудата да е целосно во согласност со барањето.
Ø Хотелот мора да располага со соодветен капацитет на соби за сместување на учесниците во предвидениот термин.
Ø Хотелот мора да располага со конференциска сала со потребен капацитет за одржување на настанот во истиот термин.
При изборот на најповолна понуда ќе се применува критериумот – економска поволност на понудатa, при што принципот “најдобра вредност за парите” се зема во предвид, што во случајот подразбира најевтина цена доколку задолжителните барањата од понудата се задоволени.
VII. Начин на плаќање
Националната федерација на фармери со избраниот добавувач ќе склучи договор за еднократна соработка. Исплатата ќе се изврши во рок од 5 работни дена по завршувањето на настанот, врз основа на уредно испорачаните услуги и доставена фактура.
Stay In Touch