11.06.2026
Националната федерација на фармери (НФФ) е најголемата земјоделска организација во земјата што ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничка визија: профитабилно земјоделство – стабилно село и мисија: организиран лидер на земјоделците во земјоделскиот и руралниот развој.
Од април 2026 година, Националната федерација на фармери (НФФ) го спроведува проектот „Farmer United for Market Resilience“, поддржан од Шведска и имплементиран во соработка со организацијата We Effect, Шведска организација за развој.
Очекуваните резултати од проектот се:
- Резултат 1: Организации на производители се конкурентни на пазарот.
- Резултат 2: Одржливи земјоделски производи и услуги се воспоставени и испорачани преку функционални организации на производители.
- Резултат 3: Политичките и институционалните рамки кои ги поддржуваат организациина производители и се зајакнати во согласност со стандардите на Европската Унија.
Двата експерти за подготовка на Анализата на мултидимензионалната сиромаштија заеднички ќе изработат аналитичка студија за проценка на сиромаштијата во Северна Македонија низ повеќе димензии, со посебен фокус на земјоделските заедници и руралните средства за живот. Надвор од мерењето на сиромаштијата базирано само на приходи, анализата ќе ги испита пристапот до основни услуги, ранливоста и условите за егзистенција на руралните домаќинства. Експертите ќе обезбедат сознанија базирани на докази за поддршка на политиките за застапување на НФФ, дизајнот на програмите и комуникацијата со засегнатите страни, со цел интервенциите ефикасно да ги адресираат структурните и коренските причини за руралната сиромаштија.
Двата експерти ќе бидат ангажирани вкупно 46 работни дена (23 дена по експерт) во рамки на договорениот период од јули до ноември 2026 година.
Заинтересираните кандидати кои аплицираат заеднички како тим од двајца експерти во рамки на овој Повик (ToR) треба да ги достават следните задолжителни документи:
- Ажурирана биографија (CV) за секој експерт која јасно покажува искуство на слични ангажмани (детална биографија со релевантно искуство на консултантите, вклучувајќи конкретни примери на работа поврзана со задачата и листа на ангажмани кои ја демонстрираат експертизата, со јасно прикажана усогласеност со задолжителните технички критериуми и професионалното искуство).
- Финансиска понуда со наведена бруто дневна стапка и вкупен бруто надоместок за сите работни денови, изразени во МКД со вклучен персонален данок.
- Потпишана Изјава за независност (Declaration of relationship)
Понудите треба да се достават истовремено на следните две е-пошта адреси: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk, најдоцна до 10.07.2026 година.
Сите прашања поврзани со повикот може да се достават на vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 30.06.2026 година.
Целосниот повик е објавен подолу во објавата.
Stay In Touch