Националната федерација на фармери ве поканува да аплицирате за учество во иницијативата во рамки на проектот „TUI Field to Fork Western Balkans – Агро-туристички вредносни синџири во руралните региони“, финансиран од Германското Министерство за економски развој и соработка (BMZ) и Фондацијата TUI CARE, а имплементиран од GIZ во соработка со НФФ.
Иницијативата е наменета за домаќинства Преспа и Охрид, Пелагонија или Тиквеш, кои се подготвени да воведат регенеративни земјоделски практики и имаат интерес да развиваат агро-туристички искуства и да соработуваат со туристички провајдери.
Учеството е ограничено, а изборот ќе се врши врз основа на:
- Подготвеност за имплементација на регенеративни земјоделски практики.
- Потенцијал и подготвеност за развој на агро-туристички искуства.
Рок за пополнување и поднесување на прашалникот е до 26.06.2026 година (петок).
Прашалникот можете да го пополните на следниот линк: https://forms.gle/HoxuhE4soccjqM4K6
Stay In Touch