Националната федерација на фармери (НФФ) има потреба од професионални услуги за дизајн и печатење на различни информативни, едукативни и промотивни материјали. Овие материјали вклучуваат публикации како анализи, членското списание Моја Земја, како и брендирани промотивни производи како платнени торби, со цел подобрување на видливоста, досегот и ангажманот на членовите.

Со цел да се обезбеди флексибилност, НФФ има намера да воспостави рамковен договор со квалификуван давател на услуги за периодот 18 јуни 2026 – 31 декември 2027 година. Во рамки на овој аранжман, НФФ ќе бара услуги по потреба и ќе плаќа само за формално побарани и успешно реализирани услуги.

Избраната компанија ќе биде одговорна за следните услуги:

  1. Дизајн на електронски публикации на НФФ
  • Дизајн на внатрешни страници во А4 и Б5 формат
  • Дизајн на насловна и задна страница во А4 и Б5 формат

Проценет обем:
Точниот број на публикации за анализи и бројот на страници не може однапред да се утврди. НФФ не гарантира минимален обем на услуги во рамки на овој рамковен договор. Услугите ќе се бараат по потреба.

  1. Дизајн на членско списание на НФФ „Моја Земја“ (електронска публикација)
  • Целосен дизајн и уредување на списанието

Проценет обем:

  • Вкупно 4 изданија
    • 2 изданија во 2026 година
    • 2 изданија во 2027 година
  • Секое издание: приближно 28 страници
  1. Дизајн и печатење на платнени торби со слоган: „Купувај домашни земјоделски производи“
  • Креативен дизајн усогласен со визуелниот идентитет на НФФ и визуелниот идентитет на донаторот
  • Печатење и испорака на платнените торби

Проценета количина:

  • Вкупно: 1.000 торби
    • 500 торби во 2026 година
    • 500 торби во 2027 година
  1. Дизајн и печатење на НФФ папки (А4 формат)
  • Креативен дизајн усогласен со визуелниот идентитет на НФФ и донаторот
  • Печатење и испорака на НФФ папки

Проценета количина:

  • Вкупно: 1.000 папки
  1. Дизајн и печатење на НФФ тетратки (Б5 формат)
  • Креативен дизајн усогласен со визуелниот идентитет на НФФ и донаторот
  • Печатење и испорака на НФФ тетратки

Проценета количина:

  • Вкупно: 1.000 тетратки
  1. Дизајн и печатење на roll-up банер
  • Дизајн и печатење на roll-up банер (1 страна, стандардна ширина 85 см)
  • Roll-up банер со алуминиумско конструкција
  1. Дизајн и печатење на backdrop банер
  • Дизајн и печатење на backdrop банер (1 страна, димензии 300 см ширина и 240 см висина)
  • Backdrop банер со алуминиумска конструкција
  1. Дизајн на слоган
  • Дизајн на слоган во боја погодна за банери, roll-up, дигитални медиуми и печатени материјали
  1. Дизајн и печатење на сертификат за признание
  • Дизајн и печатење на сертификат во А4 формат, 1 страна, во боја

Постапка за аплицирање

Заинтересираните компании треба да ги достават следните документи:

  • Портфолио на компанијата – ажурирано портфолио кое демонстрира релевантно искуство, вклучувајќи претходни слични ангажмани (дизајн на публикации, списанија и промотивни материјали)
  • Тековна состојба издадена од Централен регистар
  • Потпишана Изјава за независност (Declaration of relationship.
  • Финансиска понуда изразена во МКД со вклучен ДДВ и прикажана како единечни цени

Финансиска понуда (образец – цена по единица)

Бр. Опис Единица Цена (МКД со ДДВ)
1 Дизајн на внатрешна страница на публикација А4 и Б5 формат Цена по страница
2 Дизајн на насловна и задна страница на публикација А4 и Б5 формат Цена по страница
3 Дизајн и печатење на платнени торби (проценето 1000 парчиња) Цена по торба
4 Дизајн на едно издание на списание „Моја Земја“ (околу 28 страници) Цена по издание
5 Дизајн и печатење на НФФ папки А4 формат (проценето 1000 парчиња) Цена по папка
6 Дизајн и печатење на НФФ тетратки Б5 формат (проценето 1000 парчиња) Цена по тетратка
7 Дизајн и печатење на roll-up банер (1 страна, 85 см ширина) Цена по roll-up банер
8 Дизајн и печатење на backdrop банер (1 страна, 300 x 240 см) Цена по backdrop банер
9 Дизајн на слоган Цена по дизајн
10 Дизајн и печатење на сертификат за признание А4 формат, 1 страна, во боја Цена по сертификат

Вкупна финансиска понуда (МКД со ДДВ): ____________________

Забелешки

  • Финансиската понуда мора да биде комплетна и јасно специфицирана.
  • Цените ќе останат фиксни за времетраењето на договорот.
  • Проценетите количини (пр. торби, изданија на списание) се индикативни и служат исклучиво за плански цели; тие не претставуваат обврска од страна на НФФ.
  • Плаќањата ќе се вршат само за услуги кои се побарани и успешно испорачани во рамки на рамковниот договор.

Понудите да се достават на е-пошта: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 11.06.2026 година.

Сите прашања може да се достават на е-пошта: vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 01.06.2026 година.

Понудите пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.

Целиот повик е објавен подолу во објавата.

ToR design of informational, educational, and promotional materials FINAL