
- Вовед
Националната федерација на фармери (НФФ) ја претставува најголемата мрежа на земјоделци и земјоделски организации во земјата. Наследувајќи ја институционалната меморија и искуството на Федерацијата на фармери на РМ, таа ги обединува напорите на 43 локални организации на земјоделци и кооперитиви. Денес, НФФ го претставува гласот на повеќе од 3.000 членови и соработува со речиси сите клучни чинители во земјоделскиот и агробизнис секторот.
Националната федерација на фармери значително го прошири својот опсег на дејствување. Покрај поддршката за земјоделците и здруженијата, организацијата е посветена на зајакнување на ранливите категории во руралните средини. Ова вклучува поголема поддршка за младите и жените, обезбедувајќи нивно директно вклучување во земјоделскиот развој преку активно учество и одлучување.
Покрај земјоделството, примарен фокус на организацијата е руралниот развој — поточно справување со предизвиците на руралното население, како што се сиромаштијата и ограничениот пристап до здравство, образование, информации, правни услуги и моќ за одлучување.
Главниот столб на дејствување е лобирањето за дефинирање на проблемите од терен, кои преку заедничка работа и анализи се презентираат пред надлежните институции за изнаоѓање заеднички решенија во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата држава.
Мисијата на организацијата е ОРГАНИЗИРАН ФАРМЕР ЛИДЕР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Визијата кон која се стремиме е: ПРОФИТАБИЛНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО — СТАБИЛНО СЕЛО.
За постигнување на оваа мисија, Националната федерација на фармери бара двајца (2) проактивни и организирани Проектни соработници кои ќе се приклучат на нашиот тим.
- Цел на ангажманот
Проектниот соработник ќе и дава поддршка на Националната федерација на фармери (НФФ) во спроведувањето на активностите преку административна, логистичка и техничка поддршка. Работејќи тесно со тимот на Извршната канцеларија на НФФ, соработникот ќе обезбеди непречено извршување, сеопфатна документација и ефикасна координација на сите планирани активности.
Клучни одговорности:
- Теренски активности и комуникација:
- Спроведување и следење на теренските активности во согласност со планот на активности, во тесна координација со проектниот менаџер на НФФ.
- Одржување редовна комуникација со целните групи на НФФ (земјоделци и рурално население).
- Логистика и менаџмент на настани:
- Обезбедување логистичка поддршка за организација на проектни настани, обуки и работилници.
- Подготовка на записници од состаноци за активности поврзани со проектот.
- Администрација и управување со податоци:
- Одржување и ажурирање на базата на податоци за членството на НФФ (електронска и во хартиена форма).
- Скенирање и одржување на електронска архива на целата проектна документација.
- Подготовка и поднесување официјални дописи до јавни институции и релевантни чинители.
- Директна административна поддршка за проектниот менаџер и извршниот директор.
- Поддршка при прибирање податоци и спроведување анкети.
- Набавки и усогласеност:
- Поддршка на финансискиот и административен координатор при процесите на набавка, обезбедувајќи строга усогласеност со прирачниците на донаторите и политиките на НФФ.
Општи барања и етика:
- Почитување на правилата, регулативите и етичките стандарди на НФФ и нејзините донатори.
- Одговорно и навремено извршување на задачите во рамките на утврдените рокови.
- Професионален пристап кон работата и проактивност во решавањето на организациските предизвици.
III. Времетраење на договорот
Проектниот соработник ќе биде ангажиран на период од 7 (седум) месеци, со почеток од 1 јуни 2026 година и заклучно со 31 декември 2026 година.
Работното време е од 08:30 до 16:30 часот (8 часа дневно), од понеделник до петок, со полно работно време во канцелариите на НФФ или на терен. Позицијата може да биде продолжена во зависност од потребите на проектот и успешноста на соработникот.
- Координација и известување
Проектниот соработник директно му поднесува извештаи на Проектниот менаџер и на Извршниот директор.
- Потребни квалификации и вештини
- Образование: Универзитетска диплома од областа на земјоделството, економијата, општествените науки или сродна област.
- Искуство: Докажано искуство во имплементација на проекти, администрација, логистика или теренски операции (искуство во НВО секторот се смета за предност).
- Јазици: Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен).
- Технички вештини: Одлично познавање на Microsoft Office пакетот.
- Возачка дозвола: Поседување валидна возачка дозвола од Б категорија.
Клучни компетенции:
- Одлични вештини за комуникација и пишување извештаи.
- Силни организациски способности и внимание на детали.
- Способност за тимска работа со проактивен и енергичен пристап.
- Посветеност на професионалната етика, интегритетот и родовата еднаквост.
Процес на аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да достават биографија (CV) и мотивационо писмо.
Документите треба да се испратат на две е-меил адреси истовремено: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk, најдоцна до 11.05.2026 година, со назнака (Subject): „Апликација за Проектен соработник“.
Апликациите пристигнати по овој рок нема да бидат земени предвид.
Само кандидатите кои ќе влезат во тесниот круг ќе бидат повикани на интервју.
Забелешка: Националната федерација на фармери е организација кој нуди еднакви можности. Ги охрабруваме жените, младите и претставниците на малцинските групи да аплицираат.
Stay In Touch