На 28 април 2026 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во просториите на Дом на АРМ (сала на Совет), ќе се одржи информативна сесија на тема „ФЕР АНГАЖМАН“.
Информативната сесија е наменета за работодавачи, земјоделци, сезонски работници, како и за сите лица кои повремено се ангажираат во секторите земјоделство, угостителство, туризам и домаќинство.
Целта на настанот е да обезбеди навремено и јасно информирање за примената на Законот за работно ангажирање на лица, како и да ги претстави можностите и придобивките што овој закон ги нуди и за работниците и за работодавачите. Преку оваа сесија, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со своите права и обврски, како и со практичните аспекти од неговата примена.
Сесијата се организира во рамки на кампањата „ФЕР АНГАЖМАН“, која има за цел да придонесе кон унапредување на информираноста и поттикнување на фер работни практики.
Кампањата е дел од проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Република Северна Македонија“, кој се спроведува во соработка со Министерство за економија и труд и Агенција за вработување на Република Северна Македонија, а го реализираат Центар за истражување и креирање политики и Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).
Ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат и активно да се вклучат во дискусијата.
Stay In Touch