Отворен повик 01/2026 за прибирање на понуди за ангажирање на хотел во Струмица за одржување на тродневен состанок на работна група за подготовка на Законот за земјоделство и рурален развој усогласен со ЕУ регулативите

Датум на одржување: 10-12 Февруари 2026

13.01.2026, Скопје

 Вовед

 Националната федерација на фармери (НФФ) е најголемата земјоделска организација во земјата што ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничка визија: профитабилно земјоделство – стабилно село и мисија: организиран лидер на земјоделците во земјоделскиот и руралниот развој.

Национална федерација на фармери во рамки на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите земјоделци и производители од рурални средини со цел зголемен приход” поддржан Шведска и Шведската организација за развој We Effect ќе одржи тродневен состанок на работна група за изработка на Закон за земјоделство и рурален развој усогласен со ЕУ директивите со кој се уредуваат политиките на директните плаќања во земјоделството, политиките за руралниот развој и политиките за заедничко уредување на пазарите согласно последните релеватни ЕУ регулативи.

Состанокот ќе се одржи 10-12 Февруари 2026 во Струмица и на истиот ќе учествуваат 16 лица.

  1. Предмет на понуда

 За реализирање на тродневниот состанок, Национална федерација на фармери како организатор има потреба од:

  • Сместување за 16 учесници во еднокреветна соба на база полн пансион во (2FB полни пансиони во еднокреветна соба/по лице)
  • Користење на салa за состанокот со капацитет за 16 лица. Поставеност на седење во П систем, опремена со флипчарт, проектор и платно.
  • Кафе пауза ( вкупно 5 кафе паузи)
  • Вода во сала за учесниците за времетраење на обуката

       2. Содржина на понудата 

       Финансиска понуда

Финансиската понуда треба да содржи:

    -Цена за сместување во еднокреветна соба на база полн пансион FB по лице

Во цената за полн пансион да биде вклучен 1 безалкохолен пијалок за време на ручек и 1 за безалкохолен пијалок за време на вечера.

    –Цена за користење на сала со капацитет за 16 лица со вклучена опрема (флип чарт табла, платно, проектор) и

Слика од салата и/или опис информација за капацитетот и опременоста.

     –Цена за кафе пауза (кафе/чај по избор и вода) по лице

      – Цена за вода во сала (1 вода 0.5 во сала за секој учесник)

 Цените да бидат изразени во денари со вклучено ДДВ. Доколку ДДВ-то не  е вклучено во цената, посебно наведете ја таа информација. Цената да ги вклучува и туристичка такса и останатите трошоци за сместувањето. Доколку понудата содржи цена во евра (ЕУР), потребно е да се наведе курсот што е користен при пресметката. Во случај понудувачот не го наведе курсот, Националната федерација на фармери (НФФ) ќе го примени средниот курс на НБРМ на денот на евалуацијата на понудата.

    3.Рок и начин на поднесување на понуда

Краен рок за доставување на понудите е до  20.01.2026 година.

Понудите задолжително се доставуваат на 2 (две) е-маил адреси истовремено vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk.

Понудите доставени по крајниот рок и понудите кои не се во согласност со барањeто нема да бидат разгледувани.

     4.Информации

За сите дополнителни информации или одредени прашања Ве молиме обратете ни се на следниот е-маил: vidanka.martinovska@nff.org.mk или на телефонскиот број 071-279-023 најдоцна до 16.01.2026 година.

     5.Критериуми за избор

Задолжителни барања:

  • Понудата да е целосно во согласност со барањето.
  • Хотелот да располага со бараниот капацитет на соби за сместување на учесниците во бараниот термин.
  • Хотелот да располага со сала за одржување состанокот во бараниот термин

При изборот на најповолна понуда ќе се применува критериумот – економска поволност на понудатa, при што принципот “најдобра вредност за парите” се зема во предвид, што во случајот подразбира најевтина цена доколку задолжителните барањата од понудата се задоволени.

    6.Начин на плаќање

Национална федерација на фармери со избраниот добавувач ќе склучи на договор.      Исплатата  ќе биде извршена во рок од 5 работни дена по испорачаните услуги и доставена фактура за истите.