Отворен повик 19/2025 за прибирање на понуди за ангажирање на хотел за одржување на тродневна работилница 21–23 јануари 2026 во Охрид

09.12.2025

 Вовед

 Националната федерација на фармери (НФФ), како најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, планира да одржи на тродневна обука во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрување на пазарните врски за малите фармери и производители од руралните средини со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведска и Шведската организација за развој We Effect.

Превидено е обуката да се одржи во Охрид во период 21-23 Јануари 2026 година со учество на 32 лица.

Работилницата има за цел јакнење на капацитетите на малите земјоделци преку стекнување знаења и вештини за подготовка на план за пазарно поврзување и ефективна мобилизација на финансиски ресурси, вклучувајќи грантови, комерцијално финансирање и внатрешни ресурси на групите на производители. Учесниците ќе научат како да развијат стратегии за пристап до пазарот и финансии, со цел зголемување на одржливоста и конкурентноста на своите групи.

Предмет на понуда

За потребите на одржување на работилницата, Националната федерација на фармери има потреба од следните услуги:

1.Сместување за 32 учесници во еднокреветна соба на база полн пансион во (2 FB еднокреветна соба/по лице)

2.Користење на салa за обуките со капацитет за 32 лица (Поставеност на седење во П систем, опремена со флип чарт и проектор)

3.Кафе пауза (вкупно 6 кафе паузи)

4.Вода во сала за учесниците за времетраење на настанот

5.Дополнителен оброк (ручек) за учесници кои нема да користат хотелско сместување

  Содржина на понуда

  • Финансиска понуда

Финансиската понуда треба да содржи:

1.Цена за сместување во еднокреветна соба на база полн пансион FB по лице

Во цената за полн пансион да биде вклучен 1 безалкохолен пијалок за време на ручек и 1  безалкохолен пијалок за време на вечера и туристичка такса.

 2.Цена за користење на сала со капацитет за 30 лица

Слика од салата и/или опис информација за капацитетот и опременоста.

 3.Цена за кафе пауза (кафе, чај  и вода) по лице

 4.Цена за вода во сала

 5.Цена за дополнителен оброк (ручек)/ по лице (со вклучен 1 безалкохолен пијалок)

 Цената треба да биде изразена во македонски денари (МКД) со вклучен ДДВ и со јасно наведена валидност на понудата.

Доколку ДДВ не е вклучено во цената, понудувачот е должен тоа јасно да го наведе.

Доколку понудата содржи цена во евра (ЕУР), потребно е да се наведе курсот што е користен при пресметката.

Во случај понудувачот не го наведе курсот, Националната федерација на фармери (НФФ) ќе го примени средниот курс на НБРМ на денот на евалуацијата на понудата.

 Рок и начин на поднесување на понуда

Краен рок за доставување на понудите е до  15.12.2025.

Понудите задолжително се доставуваат на две е-маил адреси vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk.

Понудите доставени по истек на крајниот рок, како и понудите кои не се во согласност со барањeто нема да бидат земени в предвид.

Информации

За сите дополнителни информации или одредени прашања Ве молиме обратете ни се на следниот е-маил: vidanka.martinovska@nff.org.mk или на телефонскиот број 071-279-023 најдоцна до 12.12.2025 година.

Критериуми за избор

Задолжителни барања: Понудата да е целосно во согласност со барањето.

  • Хотелот мора да располага со соодветен капацитет на соби за сместување на учесниците во предвидениот термин.
  • Хотелот мора да располага со конференциска сала со потребен капацитет за одржување на настанот во истиот термин.

При изборот на најповолна понуда ќе се применува критериумот – економска поволност на понудатa, при што принципот “најдобра вредност за парите” се зема во предвид, што во случајот подразбира најевтина цена доколку задолжителните барањата од понудата се задоволени.

Начин на плаќање

Националната федерација на фармери со избраниот добавувач ќе склучи договор за еднократна соработка. Исплатата ќе се изврши во рок од 5 работни дена по завршувањето на настанот, врз основа на испорачаните услуги и доставена фактура за истите.