07.11.2025
- Вовед
Националната федерација на фармери (НФФ) е најголемата земјоделска организација во земјата што ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничка визија: профитабилно земјоделство – стабилно село и мисија: организиран лидер на земјоделците во земјоделскиот и руралниот развој.
Национална федерација на фармери во периодот од 15-16 Декември 2025 во Скопје ќе реализира дводневен состанок на Управен одбор на НФФ во рамки на кој е предвидено е медиумски настан со присуство на национални ТВ медиуми од Скопје.
Активноста се реализира во рамки на проект „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите земјоделци со цел зголемен приход” поддржан од Шведска и Шведската организација за развој We Еffect.
- Предмет на понуда
Национална федерација на фармери за потребите на одржување на 1 дводневен состанок на Управен одбор на НФФ има потреба од:
- Сместување за 7 учесници во еднокреветна соба на база полу пансион во (1 HB еднокреветна соба/по лице) на 15-16 Декември 2025. Вклучен пијалок за време на вечера.
- Користење на салa за состанокот со капацитет за 12 лица на 15-16 Декември 2025
Поставеност на седење во П систем, опремена со флип чарт и проектор
- Кафе пауза (вкупно 4 кафе паузи)
- Вода во сала за учесниците за времетраење на состанокот
- Дополнителен оброк (ручек) со вклучен 1 безалкохолен пијалок за 12 лица на ден 15 Декември 2025 и 16 Декември 2025
- Содржина на понуда
- Финансиска понуда
Финансиската понуда треба да содржи:
- Цена за сместување во еднокреветна соба на база полу пансион HB по лице
Во цената за полн пансион да биде вклучен 1 безалкохолен пијалок за време на вечера
- Цена за користење на сала со капацитет за 12 лица
Слика од салата и/или опис информација за капацитетот и опременоста.
- Цена за кафе пауза (кафе, чај и вода) по лице
- Цена за вода во сала
- Цена за дополнителен оброк (ручек)/ по лице (со вклучен 1 безалкохолен пијалок)
Цената потребно е да е изразена во македонски денари (мкд) со вклучен ДДВ и информација за валидност на понудата.
Доколку ДДВ-то не е вклучено во цената, Ве молиме наведете.
- Рок и начин на поднесување на понуда
Краен рок за доставување на понудите е до 13.11.2025
Понудите задолжително се доставуваат на две е-маил адреси vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk.
Понудите доставени по истек на крајниот рок, како и понудите кои не се во согласност со барањeто нема да бидат земени в предвид.
- Информации
За сите дополнителни информации или одредени прашања Ве молиме обратете ни се на следниот е-маил: vidanka.martinovska@nff.org.mk или на телефонскиот број 071-279-023 најдоцна до 11.11.2025 година.
- Критериуми за избор
Задолжителни барања: Понудата да е целосно во согласност со барањето.
Хотелот да располага со бараниот капацитет на соби за сместување на учесниците во бараните термини
Хотелот да располага со сала за одржување на обуките/состанокот во бараните термини
При изборот на најповолна понуда ќе се применува критериумот – економска поволност на понудатa, при што принципот “најдобра вредност за парите” се зема во предвид, што во случајот подразбира најевтина цена доколку задолжителните барањата од понудата се задоволени.
- Начин на плаќање
Национална федерација на фармери со избраниот добавувач ќе склучи договор за еднократна соработка.
Исплатата ќе биде извршена во рок од 3 работни дена по испорачаните услуги и доставена фактура за истите.
Stay In Touch