Националната федерација на фармери оствари состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
На состанокот присуствуваше претседателот на Националната федерација на фармери, Стеванче Јорданоски, каде што се разговараше за важни прашања за земјоделскиот сектор.
Посебен акцент беше ставен на државната поддршка преку програмите за субвенции, Програмата за финансиска поддршка за рурален развој и ИПАРД. Министерот информираше дека анти фрост системите ќе бидат дел од Програмата за рурален развој. Дополнително се разговараше за развојот на економски форми на здружување на фармерите, како и промените на Законот за земјоделство, шумарство и водостапанство согласно ЕУ директивите.
Заеднички заклучок е дека треба да се зголеми информираноста на терен, во насока на подобра достапност на информациите до земјоделците за искористување на мерките за модернизација и развој на земјоделските стопанства.
Националната федерација на фармери ја презеде обврската, покрај редовното информирање на своите членови, да го зголеми и опфатот на информираност преку своите информациски и комуникациски канали, со цел информациите за програмите и поддршките да бидат уште подостапни за сите земјоделци.
 Во таа насока, ја споделуваме информацијата дека направена е измена во Програмата за финансиска поддршка за рурален развој, во делот на набавка на високостелни педигрирани јуници, педигрирани машки и женски приплодни грла на овци и кози. На барање на сточарите, направена е измената, односно по објавување на повикот прво се аплицира, а по одобрување на апликацијата следува склучување на договор и потоа следува набавката.
Важна е заедничката соработката во насока на заедничко решавање на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат малите земјоделци и креирање на земјоделството како значајна професија за развој на општеството.
Во иднина ќе следуваат и дополнителни информации околу сите измени и огласи наменети за земјоделците.