23.04.2025

На 25 април 2025 година, Националната федерација на фармери ќе ја одржи Изборната седница на Генералното Собрание на организацијата. Овој значаен настан претставува можност за осврт на реализираните активности и постигнати резултати, како и за поставување на идните приоритети и развојни насоки.

Во свечениот дел од Собранието ќе бидат презентирани активностите и резултатите кои Националната федерација на фармери ги реализираше во текот на 2024 година во рамките на проектите, како и резултатите од застапувањето и лобирањето за унапредување на положбата на земјоделците и руралните заедници.

Со поздравни обраќања ќе се обратат: Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Сашо Ангеловски, регионален директор за Европа на Шведската организација за развој – We Effect и ќе се доделат благодарници за успешна соработка со организации и институции.

Во работниот дел на Собранието, на кој присуствуваат делегатите, ќе се разгледуваат и усвојуваат: Буџетот и програмата за работа на организацијата за 2025 година, Наративниот и финансискиот извештај за 2024 година и ќе се избира нов Управен одбор на Националната федерација на фармери, кој на својата конститутивна седница ќе го избере новиот претседател на организацијата.

Овој настан претставува клучен момент за демократско и транспарентно управување, отчетност и стратешко планирање на иднината на Националната федерација на фармери.