Националната федерација на фармери одржа состанок со Управниот одбор, на кој се дискутираше за тековните активности и најгорливите земјоделски предизвици. Особен акцент беше ставен на климатските промени – мразевите и студеното време кои направија сериозни штети во Преспа, Пелагонија и Тиквеш, како и потребата од зајакнување на економските форми на здружување (земјоделски задруги и организации на производители) за подобар пласман и продажба на земјоделските производи.
🔹 Ова беше и последната седница на УО на НФФ во овој состав. Во наредниот период следуваат избори за ново управувачко тело на организацијата.
Голема благодарност до сите членови на УО на НФФ за нивниот несебичен волонтерски ангажман и заложби во изминатите 4 години. 🙌
📌 НФФ преку лобирање и застапување и соработка со институциите постигна значајни резултати во изминатите 4 години:
✅ Донесување правилници за мали оператори со храна и продажба од куќен праг
✅ Поголема Можност за формирање мали семејни винарии преку измени на Законот за вино
✅ Спречување на штетни измени во земјишната политика за продажба на државно земјоделско земјиште
✅ Подобрување на условите за продажба на винско грозје преку Измени на Законот за вино
✅ Поддршка за рурални жени и лица со попреченост во рурални средини во насока на зголемување на нивната видливост и слушање на нивниот глас во јавноста
✅ Отстранување на дискриминаторни мерки од Мерката 115 од Пограмата за рурален развој и редефинирање на мерката за економско јакнење на земјоделките
✅ Обезбедување надоместок за мајчинство за индивидуални земјоделки во првите месеци ко се грижат за новороденчињата преку Програма за социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност