Во текот на викендот се одржа напредна обука за алатката „ProfilPASS за жени – Ние можеме!“, наменета за сертифицираните советнички и советници, членови на Националната федерација на фармери. Обуката, спроведена од Центарот за доживотно учење, им овозможи на учесниците да стекнат дополнителни вештини за примена на оваа алатка во поддршка на руралните жени.
Преку советувања, ќе им помогнеме на 36 жени од руралните средини – земјоделки и операторки за храна – да ги препознаат своите компетенции и да се (ре)интегрираат на пазарот на труд. Работејќи на терен, советниците ќе го зајакнат своето знаење и способности во рамки на Федерацијата, овозможувајќи поголема финансиска независност на руралните жени.
Оваа активност е дел од проектот „Подобрување на вработливоста на руралните жени преку ProfilPASS“, имплементиран од Националната федерација на фармери (НФФ) со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), во рамки на регионалните проекти „Социјална вклученост на ранливи групи од Западен Балкан“ и „Поддршка на економската диверзификација на руралните области во Југоисточна Европа”.
Stay In Touch