📅 Датум: 15 февруари 2025 (сабота)
📍 Локација: Скопје City Mall, прв кат
🕙 Време: 10:00 – 19:00 часот
Националната федерација на фармери со задоволство Ве поканува на саемот на македонска традиционална храна „Вкус што обединува“, единствен настан посветен на автентичните домашни вкусови и поддршката на локалните производители!
Љубителите на македонската кујна ќе имаат можност да уживаат во најразновидни домашни производи: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала, преработки од зеленчук и овошје, вино и ракија. Ова е шанса да ги откриете богатите ароми и традиционалните рецепти што ги носат корените на нашите рурални заедници!
Саемот не е само изложба, туку и порака за поддршка на домашното производство, поттик за еднаквост и интеграција, како и вистинска можност да дознаете повеќе за значењето на локалната храна.
Саемот е организиран од Националната федерација на фармери и Скопје City Mall и е дел од манифестацијата City Bazar. Саемот е поддржан од Шведска и организацијата We Effect преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.
Ве покануваме да бидете дел од овој настан, да ги поддржите нашите рурални производители и заедно да го славиме македонското традиционално, природно и вкусно!
Stay In Touch