Инспиративни пораки од жени од регионот во насока на подобрување на економскиот и социјален статус на жените од руралните средини во регионот. Овие пораки се посветени на подигнување на свеста и поддршката кон жените во руралните средини, кои се соочуваат со различни предизвици во областа на економијата и социјалната интеграција.

Пораките се дадени од жени кои се дел од организациите од Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора кои се дел од регионална платформа за соработка за подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните средини, кои потпишаа Декларацијата за соработка на 15 октомври 2023 година, во чест на Меѓународниот ден на руралната жена.

Со ова, сите се обврзаа да заеднички работат кон воспоставување на платформа на регионално ниво, посветена на подобрување на животот и економското јакнење на руралните жени.

Ние настојуваме да ги промовираме и охрабруваме жените од руралните подрачја да се вклучат во различни иницијативи и проекти, со цел создавање на подобро утро за следните генерации. Соединети во нашата борба за економски развој и социјална инклузија, ги покануваме сите заедно да го градиме подоброто и посилно утро за сите рурални жени во нашиот регион.

Оваа активност е поддржана  од проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните женим младите  и други ранливи групи” , поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот :Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа(SEDRA II).