Сега потрошувачите имаат можност директно да порачуваат земјоделски производи и преработки од земјоделски производи преку on line платформата www.efarm.mk која е креирана од Националната федерација на фармери и надграден со поддршка од Германија преку проект на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) со фокус на поддршка на руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи .

На www.efarm.mk  ќе најдете разновидни производи како ајвар, мармалади, сокови, маџун, сирење и многу други земјоделски преработки, кои се одгледани во еколошки здрава средина и произведени  од вредните раце на нашите земјоделки и земјоделци. Платформата е достапна на македонски, англиски и албански јазик.

Таа содржи информации за земјоделски производители и нивните производи, автентични фотографии од истите, како и контакти од самите земјоделци, за сите оние домашни и странски потенцијални купувачи и други заинтересирани лица, да можат на едно место да најдат се што им е потребно .

www.efarm.mk е дел од кампањата на Националната федерација на фармери „Купувајте домашни земјоделски производи”. Домашното производство треба да си го зачуваме и да ја зголеми неговата продажба. Во моментот на платформата има 153 земјоделки и земјоделци кои ги промовираат своите производи и кои се квалитетни и одгледувани во еколошки здрава средина. Сега со само еден клик сте веќе на местото кое го барате, стапувате во контакт со земјоделецот и за кусо време или лично си ги купувате или ви ги испраќаат преку превоз до дома. На домашното земјоделско производство може најмногу да му се верува.

Платформата е дел од проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот :Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа(SEDRA II). Целта на проектот е да ги зголеми пазарните релации за руралното население со особен акцент на лицата со посебни потреби, руралните жени и другите ранливи групи, со цел да им се обезбедат можности за создавање нови или дополнителни работни места, како и можности за зголемување на нивните приходи.

Посетете ја  www.efarm.mk,  направете нарачка и поддржете ги домашните земјоделски производители. Воедно, помогнете во развивањето на руралните подрачја и засилете го социјалниот и економскиот аспект на заедницата.