По повод 76 години постоење на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на15.12.2023 се одржа свечено отворање на Лабораторијата за дигитално земјоделство на Факултетот, како и тркалезната маса која се одвиваше во рамки на Свечениот Наставно-научен совет на Факултетот на тема “Студиска програма по Дигитално земјоделство”, потреби за брзо приклучување кон современото земјоделско производство. Воедно во рамките на самото одбележување на 76 години постоење на ФЗНХ, беше организиран и саем на кариера каде Националната федерација на фармери учествуваше со свој штанд.