Во организација на Национална федерација на фармери се организираше теренска посета на фарми во скопскиот регион на која присуствуваа Анџела Агелер, амабсадорка на САД во РСМ и Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство .

Првата посета беше на Матка Фарм која се наоѓа во Горна Матка. Јасмин и Уран од Матка Фарм, кои со своите напори и визија создаваат приказна за рурална фарма со голем потенцијал за рурален туризам. Заедничката работа и поддршка на Јасмин и Уран покажува дека заеднички може да се развива бизнис, да се остварува својот сон и да се обезбеди сопствениот мир и спокој во животот.

Втората посета беше на сточарската фарма во Р’жаничино која е управувана од земјоделка Зорица Димовска.

Димовска одгледува крави и произведува уникатни производи како бурата, кои ги продава во Скопје во различни хотели и ресторани.

На нивните фарми присуствуваа и жени од други регион, Васка Мојсовска, претседателка на НФФ, Вангелина Пармачка, членка на УО на НФФ, Тања Орешкова земјоделка од неготинскиот регион, Густе Златкова, земјоделка од штипскиот регион и прва апликантка за програмата за мајчинство, и Билјана Петровска проект менаџерка во НФФ.

На самата средба беше иницијативата на НФФ за решавање на проблемот за породилно и боледување на регистрираните индивидуални земјоделки и земјоделци и во соработка со МЗШВ и МТСП за прв оваа година се спроведува Програмата за мајчинство за регистрираните индивидуални земјоделки, креирана од Министерството за земјоделство со која се овоззможува платен надоместок за мајчинство во првите 9 месеци од раѓањето на бебето.