Членови на Националната федерација на фармери учествуваа на Агро саемот 2023 во Струмица,кој беше во организација на Proagro Farmeri. На саемот учествуваа земјоделки и земјоделци кои продаваа превкусни медови, маџуни, слатко од тиква, природен свеж сок од јаболка, ореви, лешници, преработки од нив, свеж зеленчук, козјо млеко. Нивната и наша порака е Купувајте домашни земјоделски производи.

Активноста е дел од проектот “Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи”. Овој проект го поддржува Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот “Поддршка на диверзификацијата на економските активности во руралните подрачја на Југоисточна Европа (SEDRA II)”.