Денес во Крушево остваривме важен чекор во пресрет на Меѓународниот ден на руралната жена!

Во организација на НФФ се одржа состанок со организации од Србија, Косово, Албанија и Црна Гора, каде што ги споделувавме нашите активности и заеднички решивме дека ќе направиме регионална платформа на невладини организации за заедничко дејствување!

Целта на оваа платформа е да ги зголеми видливоста и да го зајакнеме гласот на жените од руралните средини. Оваа платформа ќе послужи како основа за соработка, споделување на знаење и заеднички акции за зајакнување на руралните жени во нашиот регион.

На Меѓународен ден на руралната жена – 15 октомври, ќе се потпише декларација за подобрување на економската и социјална положба на жените од руралните средини.

Овој состанок се одржа во рамките на проектот: “Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи”, кој се имплементира од НФФ и е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот: “Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа (SEDRA II)”.