На семејната фарма “Аја Фарм” во Боговиње се организираше мини саем на кого беа претставени вкусните македонски производи произведени од руралните жени и младите земјоделци пред германскиот министер за земјоделство и храна Cem Özdemir кој ја посети нашата држава на покана на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Козјо сирење и кашлавал, козјо млеко, маџун, џем, мед, преспански јаболка, македонскиот ајвар беа само мал дел од богатата трпеза. Мерките за поддршка кои ги даваме токму за нив наидоа на голем поздрав од страна на германскиот министер.

Саемот беше организиран од МЗШВ, Slow Food Macedonia и Национална федерација на фармери.