НФФ оствари средба со здружението Шира,членка на Националната федерација на фармери кое обединува група на жени производителки на маџун.На средбата се разговараше за понатамошните наши активности околу промоцијата на маџунот – производ подготвен од грозје кој изобилува со витамини.Со оглед на големиот потенцијал кој го има овој локален производ, продолжуваме со активностите во делот на производството и промоцијата на маџунот, и тоа во соработка со Japan International Cooperation Agency (JICA).