Националната федерација на фармери (НФФ) организираше работилницa на тема “ Развој на знаење и вештини за промоција и маркетинг и воспоставување на пазарни врски со цел зголемување на приходите наменета за лицата со попреченост , рурални жени и други ранливи групи ”. Работилницaта  коja беше одржана во Зрновци, Кочани е организирана во рамките на проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” кој е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа – SEDRA II.

Целта на работилницата е стекнување на нови вештини и знаења во однос на маркетинг и промоција на нивното производство, како и воспоставување на пазарни врски со цел зголемување на приходите на лицата со попреченост и други ранливи групи.

Работилницата беше реализирани од страна на Мики Трајковски, експерт за маркетинг и промоција на производство, и Владимир Трајковиќ , експерт за создавање пазарни врски  ,а модерирани од страна на Ангела Самарџиќ, Проектен координатор на НФФ.

На работилницата присуствуваа претставници од Национална Федерација на Фармери, Здруженија, како и лица со попреченост, кој дадоа свој придонес од оваа работилница да произлезат заклучоци, препораки и иницијативи.

На оваа работилница засегнатите страни имаа можност да се стекнат со вештини и знаења како и воспоставување на пазарни врски со цел зголемување на нивните приходи, како да се остварат оддржливи односи со пазарните учесници со цел на обезбедување на континуиран пласман на прозиводите по конкурентни цени, кои се бенефитите од востпоставување на пазарни врски, зголемување на приходите преку подобрени стратегии за промоција и маркетинг, важноста на вештините за промоција и маркетинг, алатки за маркетинг и промоција на производите, како и можност за размена на лични искуства и предизвици со кои тие се соочуваат.

Работилница на оваа тема беа одржани и во Струмица, Македонски Брод, Велес и Скопје.