Придружете ни се на претстојниот настан  на 17-ти јуни во Градски парк Скопје – Вембли (пред стадион) со почеток од 10ч. на настанот Светски ден за борба против опустинувањето и сушите, организиран Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP) и Националната федерација на фармери, во соработка со Центар за климатски промени.

Под темата „Нејзината земја, нејзините права“, ќе им оддадеме чест на неверојатните жени херои кои работат во одржливо земјоделство и нивната витална улога во борбата против деградацијата на земјиштето ширум светот.

Настанот Светски ден за борба против опустинувањето и сушите ќе послужи како платформа за прикажување на достигнувањата и придонесите на овие извонредни жени. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со овие инспиративни жени и да научат од нивните искуства. Покрај тоа, широк спектар на одржливи земјоделски производи ќе бидат достапни за дегустација, обезбедувајќи уникатно  искуство за сите учесници.

Упатуваме топла покана до сите поединци, организации и засегнати страни кои имаат желба да се вклучат во борба против опустинувањето и сушите, промовирање на одржливо земјоделство и унапредување на правата на жените. Заедно, можеме да ги засилиме гласовите на овие жени херои и колективно да се справиме со итните предизвици за деградација на земјиштето.

За време на настанот учесниците ќе имаат можност да добиијат и подарок.

Ви благодариме за вниманието и со нетрпение го очекуваме вашето присуство на настанот Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушите.

Да се обединиме во оваа глобална кауза и да го отвориме патот за одржлива и издржлива иднина!