НФФ е  земјоделска организација  која што ги застапува земјоделците од сите сектори во Македонија и лобира за решавање на предизвиците на земјоделците .

Она што сакам да истакнам на самиот почеток е  дека Управниот одбор на организацијата заедно со Извршната канцеларија неуморно се посветени и работат на реализација на голем број на активности со посебен осврт на лобирањето и застапувањето.

Сите ние земјоделците знаеме со какви  предизвици и проблеми се соочуваме при производството на храната и колку труд, посветеност и љубов кон работата вложуваме за да произведеме храна.

Во последните десетина години производните цени на земјоделските производи се зголемуваат, а откупните цени се намалуваат. Маките на земјоделците  за да бидат уште поголеми од друга страна се и  негативните влијанија на климатските промени кои што прават големи штети во сите земјоделски сектори  и придонесуваат разочарување кај нас земјоделците.

Неорганизираност кај самите земјоделци, нелојална конкуренција која го има монополот на пазарот за откуп, непостоење на договорно производство, недостаток на едукација и инвестирање во нови технологии од страна на земјоделците,  недостаток на едукација за претприемништво и непостоење на фунционални форми на еконосмко здружување на земјоделците се дел од проблемите кои што се предизвикувачи на целата состојба во земјоделството.

Она што најмногу го погодува македонскиот земјоделец се ниските откупни цени и овој тренд е забележителен во последните десет години што ги доведува примарните земјоделски производители во ранлива положба во поглед на стопанските и деловните активности, како и нивниот животен стандард.

За жал морам да признаам дека за состојбата во земјоделството виновни сме подеднакво сите и ние земјоделците и монополските откупувачи,ние сме виновни затоа што  не сме здружени, организирани и единствени во здруженија,задруги или друг вид на здружување каде што ќе имаме поголема преговарачка моќ и ќе можеме да преговараме со откупувачите и ќе можеме да се избориме за достоинствени цени за нашите производи и целата таа наша неорганизираност ја искористуваат големите монополски откупувачи кои се во сите земјоделски сектори и нудат откупни цени за земјоделските производи кои се далеку пониски од производните и профитираат на грбот на земјоделецот, и тука државата   се труди да субвенционира и нуди програми за развој но најважно   е  колачот од профитот на откупувачите да го поделат рамномерно и кон земјоделците.

Ние како НФФ сметаме дека тука договореното производство може многу да помогне во надминување на овој проблем со склучување на договори на самиот старт на производната година и почитување на тие договори од двете страни и на откупувачите и на земјоделците.

Климатските промени исто така прават огромни штети во земјоделското производство, нема сектор кој што не е погоден од климатските промени и секоја година се губат огромни финансиски средства во земјоделството од климатските промени затоа сметаме дека во политиките и стратегиите на земјоделството треба посебно да се даде акцент на климатските промени, односно поголеми поддржки за заштита од климатските промени и изградба на нови системи за наводнување и реконструкција на старите системи за наводнување се со цел да имаме  функционално и навремено наводнување на земјоделските површини.

Загрижува и фактот со економската криза која е предизвикана со руска –украинската војна, каде што ние како увозно зависна земја, се соочивме со негативни влијанија врз македонската економија. Има поскапување на прехрабените производи и тоа се случува секаде во регионот, па и во светот, каде што најголема штета претрпуваат земјоделците и потрошувачите. Ова е парадокс во економијата каде што имаме поскапувања на прехрамбените производи, а примарните земјоделски производи се со ниски откупни цени, без разлика што и тука цените на инпутите, како што се струја, нафта, заштитни препарати, ѓубрива растат, сезонска работна сила нема или е многу скапа.

Почитувани како што знаете НФФ  е социо економски партнер на МЗШВ и наши членови се во сите потсекторски групи на министерството но морам да го изразам задоволството што   во последниве неколку  години  имаме одлична комуникација со министерството  за сите  нивни активности ,измени ,стратегии,правилници или измени на закони и тоа е резултат ем на нашата работа ем на министерот кој што практикува да има соработка со сите засегнати страни во секторот.

Оваа година започна да се импелемнтира и земјоделска реформа од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ние како социо –економски партнер на министерството  сме информирани и консултирани за овие процеси. Организиравме  средби со министерството за земјоделство и министерот Љупчо Николовски каде што пред земјоделците им беше презентиран новиот модел за субвенционирање.

Заеднички став на сите е дека субвенциите треба да имаат развојна компонента и да се насочени за вистинските земјоделци.

Како организација бевме потикнувачи во АХВ за изработка на правилници за продажба од куќен праг и наши членови членуваа во работните групи за изработка на тие правилници,исто така во потсекторската група за вино бевме едни од иницијаторите за измени на загонот за вино каде што им се овозможи на лозарите да можат да регистрираат  семејни винарии.

Националната федерација на фармери во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика и Министерство за здравство формира работна група која работеше во текот на годината за изнаоѓање на соодветно решение. Оваа е проблем кој постои 30 години во државата и од 2023 година за првапат ќе се пилотира решение со кое земјоделките ќе добиваат надомес за мајчинство поради спреченост за извршување на земјодлеска дејност  поради раѓање.

Во насока да се укаже дека не смее да пропаѓа домашното производство  Националната федерација на фармери ја спроведува и кампањата „Купувајте домашни земјоделски производи“, со цел да се истакне и поттикне зголемување на потрошувачка на домашните земјоделски производи на домашниот пазар.

Она што е важно и што сакаме да потенцираме е дека организацијата работи транспарентно отворено и е насочена кон обединување на малите земјоделци. Со гордост  сакам да потенцирам дека членството е зголемено и во моментот имаме 300 индивидуални земјоделци.

Сето ова го постигнавме со заедничка работа и соработка и како што велиме на секој нов член и соработник дека е добродојден кај нас и станува дел од нашето земјоделско семејство.

Сите овие работи кои што ги набројав се резултат на работата на сите членови во УО и вработените во извршната канцеларија  на многубројни средби, активности,анализи ,лобирање и претискање на институциите се со цел да се олеснат и подобрат условите за работа на сите земјоделци.Не велам дека е доволно треба уште многу работи да се подобрат но затоа заеднички сите заедно ќе продолжиме со работа се со цел на зедничкиот интерес односно остварување на мисијата Профитабилно земјоделство стабилно село.

За крај на ова мое обраќање би сакала да изразам  огромна благодарност до Шведската организација за развој We Effect за нивната подршка во насока на остварување на нашата мисија и визија за подобар и достоинствен живот на нас земјоделците.