Како резултат на силното лобирање на Националната федерација на фармери подржано од Шведската организација за развој We Effect, од 2023 година преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопансво ќе се имплементира пилот Програма за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Токму преку оваа програма ќе им биде овозможено на регистрираните индивидулано земјоделки  (регистрирани преку ПИОМ) користење на надоместок за мајчинство за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање, кое право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи. Ова е пилот мерка која ќе се реализира во 2023 година. Ние како организација ќе продолжиме да работиме мерката да биде инкорпорирано во Закон и да стане системско решение  и ќе се продолжи со работа за да се најде соодветно решение и за боледувањето на регистрираните земјоделци.

Националната федерација на фармери во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика и Министерство за здравство формира работна група која работеше во текот на годината за изнаоѓање на соодветно решение. Во групата исто така активно учество зедоа преставници од трите министерства, УЈП, ПИОМ, Фондот за здравствено осигуравње, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Правен факултет. Работата на групата поддржана од страна на Шведската организација за развој We Effect се покажа како ефикасен метод за решавање на проблеми и предизвици преку заедничка соработка и комуникација на невладиниот сектор и институциите..

„Оваа е проблем кој постои 30 години во државата и од 2023 година за првапат ќе се пилотира решение со кое земјоделки ќе добиваат надомес за мајчинство поради спреченост за извршување на земјодлеска дејност  поради раѓање. Ова го потенцирам и кажувам бидејќи со една политика, програма се овозможува да се развива земјоделството како професија, ќе се влијае позитивно за зголемување на бројот на регистрирани земјоделки и земјоделци чија основна дејност им е земјодеството и исто така ќе се влијае и позитивно на зголемување на бројот на млади фармери и жени фармери сопственички на земјиште, бидејќи согласно Прописите на ПИОМ регистриран земјоделец е оној кој е сопственик на земјоделско земјиште или има земјоделско земјиште под наем“, истакна Васка Мојсосвак, претседателка на Националната федерација на денешната прес конференција.

Проект менаџерот при НФФ, Билјана Петровска информираше дека според Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и рурален развој, вкупно регистрирани земјоделци според ПИОМ се 4.291, од кои 1.255 се женски лица.

– Податокот од Фондот за здравство покажува дека се 1.075 лица, додаде Петровска.