Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажирање на експерт/ти за агротехнички мерки, активност која е дел од интеревенцијата „Зголемување на пристапот до пазарот за производителите на пченица преку планирано договорно производство“ дел од Проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од рурални области со цел зголемен приход“ поддржан од Шведската развојна организација We effect и Шведската меѓународна агенција за развојна соработка.

Експертот/ти ќе биде ќе биде ангажиран 30 работни дена во периодот од 10.10.2022 година до 15.12.2022 година.

Условите за апликации се наведени во ToR кој е дел од повикот

Барања за квалификација

Задолжителни технички критериуми:

  • Соодветно образование (Универзитетско образование по земјоделски науки). Магистерски или докторски студии ќе се земат како предност
  • Најмалку 5 години професионално искуство во анализа на почва, експертиза во производство на житни култури, теренска анализа, биро истражување, спроведување на обуки, изработка на едукативни материјали

Вештини на експерт:

  • Силни аналитички и пишувачки вештини
  • Презентациски вештини

Постапка за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за овој ToR треба да ги достават следните документи:

  • Ажурирана биографија која јасно укажува на работа на слични задачи
  • Финансиска понуда во која е наведена бруто дневница на експертски ден изразена во денари со вклучен персонален данок
  • Доставувањето на Декларација

Понудите да се достават на е-пошта nff@nff.org.mk и angela.samardzik@nff.org.mk најдоцна до 30 септември (петок) 2022 година.

Евалуација на понудите:

Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

Принципот на најдобра вредност за парите ќе биде земен предвид со користење на метод на пондерирана бодување за да се оцени комбинацијата на стручно професионално искуство и претходна работа на слични задачи (60%) и финансиска понуда/предлог (40%)

Услови на плаќање

Плаќањето ќе се изврши по завршување на вкупната задача и по поднесување на очекуваните испораки. Откако испораките ќе бидат доставени од ангажираните експерти како што е наведено во Дел IV- Координација и одобрени од проектниот менаџер-координатор за развој на организацијата, ќе се плати исплатата на вкупниот договорен надомест.

Декларација

Апликантот ќе опише дали има деловни или лични односи со тесно поврзаните страни од НФФ и We Effect, нејзината регионална канцеларија во Скопје, нејзините управни тела и вработени или со слични тела/лица на Клиентот.

Тесно поврзана страна (лица, физички или правни) според дефиницијата на We Effect се смета лице кое има можност да врши контрола или значително влијание врз другото лице кога станува збор за финансиско и оперативно одлучување во врска со некоја активност. Целта на Декларацијата е да ги открие таквите информации што го прават процесот на аплицирање и евалуација потранспарентен и ги поддржува понудите во нејзината релевантност според условите на отворениот пазар.

 

ToR expert for agro_technical measures
Декларација за непостоење на конфликт на интереси МСД