60 жени од руралните средини во организација на Националната федерација на фармери учествуваа на манифестација „Јуфкијада“. Оваа година манифестацијата се одржа во неготинскиот регион во манастир Св. Ѓорги. Наши домаќини беа здружението „Шира“, познато по производство на преработки на грозје, односно производство на маџун. Манифестацијата ја отворија Васка Мојсовска, претседателка на НФФ и Фросина Ѓоргиевска, национална кординаторка на Мрежата на жени фармери во НФФ. Манифестацијата има хуманитарен карактер така што произведените јуфки ќе се дадат во домот на децата со посебни потреби во Тимјаник и во домот за стари и изнемоштени лица во Неготино.

 

Активноста е дел од проектот„Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители на храна од руралните области со цел зголемен приход “поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Sida. Поддржувачи на манифестација се и мелничарската компанија „Кадино“ и живинарската фарма „Фреш фарм“.