Националната федерација на фармери 29.04.2022 ќе ја оддржа редовната седница на Годишното Собрание на организацијата. На годишното собрание ќе се разгледуваат извештаите за 2021 години и програмата и финансискиот буџет за 2022 година. На свечениот дел на собранието ќе се обратат  Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Гоце Георгиевски, раководител на сектор за рурален развој во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Васко Хаџиевски од регионалната канцеларија на We Effect за Европа и ќе бидат презентирани  активностите и резултатите на НФФ  каде што ќе се обратат Васка Мојсовска, претседателка на НФФ, Мемет Синани, член на УО на НФФ, Фросина Ѓоргиевска, членка на УО на НФФ  и Стеван Орозовиќ, извршен директор на НФФ.