Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Националната федерација на фармери и здружението „Благој Котларовси“, членка на НФФ организира во средата средба со овоштарите во Ресен каде што го презентира новиот модел на осигурување кој треба да биде решен преку соодветен Закон.Она што беше истакното на средбата е дека со новиот модел на осигурување треб ада се обезбеди генерална стабилизација и развој на земјоделското осигурување, централизација и стандардизација на покривањето ризици, брза и фер исплата преку еден ентитет, обезбедување на сеопфатни полиси кои осигуруваат ризици согласно потребите на земјоделците кои претходно не беа обезбедени преку поединечните осигурителни компании, зголемување на капацитетот за реосигурување и поттикнување на учество во реосигурувањето, ефективен и интегриран систем за прибирање и обработка на податоци за подобра регулација на пазарот, превенција од нечесни практики во осигурувањето, целосна покриеност на земјоделското производство со осигурување и заштита и ослободување на буџетот од ад хок исплата на штети.жСледната средба е со лозарите на 21.03 (понеделиник) во 14 часот во општинската сала во Неготино и во 16 часот во општинската сала со Кавадарци.