Теоретска и практична обука за овоштарите во рамки на интервенцијата „Зголемен пристап на пазарот на преработки од јаболка“ која ја спроведува Националната федерација на фармери (НФФ),во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители на храна од руралните области со цел зголемен приход“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect Europe и Sida. Едукацијата е држена од страна на професорот Марјан Кипријновски и Епицентар. Теми на работилницата се ѓубрење, заштита од град, помотехнички мерки.