Улогата на маркетингот во бизнисот: jа создава водечката филозофија на компанијата, oвозможува насоки за идентификација на маркетинг можностите и ги разгледува потенцијалите за искористување на истите и подготвува стратегии за постигнување на целите. . Ова беше потенцирано на денешната online обука за маркетинг и продажба наменета за пчеларите. Активноста е дел интервенцијата „Намалување на невработеноста на младите од руралните средини со диверзификација на можностите за вработување “која Националната федерација на фармери ја спроведува заедно со интервентниот партнер ЈГПБР МЕДЕН ИСТОК од Кочани во рамките на проектот„Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители на храна од руралните области со цел зголемен приход“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect Europe и Sida. Обуката е реализирана од маркетинг агенцијата UnaLogica.a