Едукативна средба за евиденција на фарма во рамки на интервенцијата „Зголемен пристап на пазарот на преработки од јаболка“ која ја спроведува  Националната федерација на фармери (НФФ),во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители на храна од руралните области со цел зголемен приход“, поддржан  од Шведската организација за развој We Effect и  Sida. Водењето на сметководствена евиденција на фарма подразбира бележење на сите производни и финансиски податоци за активностите кои се одвиваат на фармата во текот на една производна година. Со евиденција на фарма се овозможува  да се следи приливот и одливот на парите, да се овозможи пресметување на добивката или загубата од работењето на фармата, фармерот мора да знае колку должи и колку му должат другите, за да се планира земјоделското производство, за да се планира набавка на потребните инпути и реализирање на продажбата на своите производи, евиденцијата е основна документација при подготовка на апликација за кредит. Преку евиденцијата, може да се процени вредноста на фармата.