Денес присуствуваме на настанот во Влада кој се организира по повод 8ми март – Меѓународен ден на жената под слоганот „Различни приказни, заедничка борба“. На самиот настан кој се организира на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика се даде силна порака дека без потполна родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда. На настанот присуствуваа Васка Мојсовска, претседателка на Национална федерација на фармери и Вангелина Пармачка, членка на УО на НФФ.

Од страна на Мојсовска е потенцирано дека жените од руралните средини се соочуваат со голем број на предизвици, а тоа се социјална исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, доминација на традиционалните норми, лишување од сопственост на земјоделско земјиште и имот, лишување од право на платено родителско отсуство, ограничени пристапи и понуда на образование, информации, здравствена заштита, јавни и социјални услуги. Ваквите услови ги принудуваат руралните жени на живот во поголема сиромаштија и ја поттикнуваат миграцијата.

„Една голема дискриманиција која се прави кон нас  е тоа што ние како регистрирани земјоделци неможеме да оствариме право на надомест за породилно отсуство и боледување. Благодарни сме на Министерството за труд и социјална политика и министерката Тренчевска  што ова го сватија како сериозен проблем и еве вчера имавме дискусија со сите инволвираи институции за да се најде правен механизам за надминувањена проблемот. Од друга страна ние сме аграрна држава и земјоделството како сектор се соочува со многу предизвици посебно пласманот и  климатските промени и би сакала овдека да апелирам во овој период посебен приоритет да се даде на земјоделските политики, стратегии и мерки за да го зачуваме овој сектор и да дејствуваме со заеднички сили“, потенцира Васка Мојсовска.

„Пред се како жена која долги години е посветена на родовата еднаквост, сакам да Ви порачам, вам но и на сите жени, дека секогаш ќе стојам на страната на еднаквоста, на правдата, на концептот на едно општество за сите“, рече министерката за Труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, рече дека Владата, меѓу другото, ќе се фоусира на заштита на жената од семејно насилство, како и на созавање можности за поголем економски напредок и економска независност на жените во македонското оппштество.