Околу 40 апликанти видендот ја започнаа обуката за основно пчеларство, која се организира од страна на ЈГПБР МЕДЕН ИСТОК  од Кочани. Токму оваа активност е дел од интеревнцијата „Намалување на невработеноста на младите од руралните средини со диверзификација на можностите за вработување“ на Националната федерација на фармери (НФФ), која започнува да ја спроведува во рамките на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители на храна од руралните области со цел зголемување на нивните приходо“, поддржан  од Шведската организација за развој We Effect и  Sida.  Токму во оваа насока ќе се работи на едукација за нови пчелари кои на пазарот ќе настапат со сертифициран мед.

Теоретскиот дел се изведува во опремена училница во Кочани, а практичниот дел се изведува на опремени пчеларници со можност за самостојна работа и учење.  Предавачи се Ванчко Кироски и Марјан Арсов.

Тимот на Националната федерација на фармери ,  во собатотата присуствуваше на првата обука во Кочани. Ванчо Кироски, претседател на Меден Исток , истакна дека целта на обуките e учесниците да се стекнат со основни знаења, вештини и компетенции за примена на основни практики и техники за одржливо пчеларско производство.  Програмата за „Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин“ е верифицирана од страна на ЈУ Центар за образование на возрасни и Министерството за образование и наука. Во согласност со прописите за сертификација, примената на одржливи практики и квалитетот на пчелните производи се гарантираат со постојано следење и контрола на производите означени со нивната етикета за сертификација „Одржливо произведен мед и други пчелни производи“. Билјана Петровска – Митревска проект менаџер во Националната федерација на фармери потенцира дека интервенцијата од една страна е насочена кон мотивирање на руралното население со посебен фокус на младите и жените да започнаат професионално да се занимаваат со производство на мед, а од друга страна е воспостување на бизнис модел каде што пчеларите од кочанскиот регион ќе произведуваат квалитетен и сертифициран мед со ознака за квалитет.