Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.
Основната цел на оваа набавка е ангажирање на компанија за дизајнирање и печатење на промотивни и информативни материјали (торби за пазарење, маици, банер, годишен извештај за НФФ и Мултидимензионална анализа на сиромаштијата) во рамки на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите“поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida.
.
Специфичните испораки на компанијата се детално опишани во табелата подолу:
Техничка спецификација | ||||
Продукт | Техничка спецификација | Количина | Услуга | |
1 | Годишен извештај на НФФ за 2021 година (буџетска линија 4.5.1.3.1) | Дизајн и печатење прирачник во две бои, формат B5, вкупно 16 страници, двострано печатење, на англиски јазик од едната и на македонски јазик од другата страна | 1000 | Дизајн и печатење |
2 | Маици (буџетска линија 4.5.1.4.1 | Бели маици (големина L) со испечатен слоган во боја „Купувајте домашни земјоделски производи“ и лого на NFF и We effect | 200 | Дизајн и печатење |
3 | Торби за пазарење (буџетска линија 4.5.1.4.2) | Платнени торби со слоган во боја „Купувајте домашни земјоделски производи“ и лого на НФФ и We effect | 300 | Дизајн и печатење |
4 | Банер за кампања (буџетска линија 4.5.1.4.3) | Рол Банер во ролна со димензии, должина 2м и ширина 1м | 1 | Дизајн и печатење |
5 | Мултидимензионална анализа за сиромаштија (буџетска линија 4.5.4.1.2) | Дизајн и печатење на прирачник во боја на Мултидимензионална анализа за сиромаштија, формат А4, вкупно 44 страници на македонски јазик и дизајн на Мултидимензионална анализа за сиромаштија на англиски јазик | 300 | Дизајн и печатење |
Очекувано времетраење на договорот
Добавувачот ќе има договор од 14 февруари до 30 март 2022 година.
Задолжителни технички критериуми:
Компаниите за овој Повик треба да ги достават следните документи:
• Ажурирано портфолио на компанијата (што укажува на работа на претходни слични ангажмани)
• Тековна состојба на компанијата издадена од Централниот регистар на РСМ, не постара од 6 месеци
• Финансиска понуда. Понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ
• Поднесување на Изјава за непостоење на конфликт на интереси
Понудите да се достават на е-пошта nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 11.02.2022 година.
Понудите со некомплетна документација и/или понуди пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.
Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:
Принципот на најдобра парична вредност ќе се земе предвид со одмерување?! на портфолиото на фирмата и претходната работа на слични задачи (40% и финансиската понуда/предлог (60%)
Целосниот опис на активноста е наведена во прикачениот документ, и воедно е прикажена и декларацијата која треба да се потпише.
ToR-company-for-design-and-print-of-promotional-and-informative-materials-1Deklaracija-za-nepostoenje-na-konflikt-na-interes
Stay In Touch