Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажирање на маркетинг/консултантска фирма која ќе ги спроведе испораките опишани подолу, во рамките проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски со пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите (Market System Development- P9408)” поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida.

Услугите ќе бидат развиени во тесна соработка помеѓу НФФ и интервентниот партнер  

Специфичните задачи и испораките на фирата се:

Прва испорака:

√  Од фирмата ќе биде ангажиран експерт   за давање поддршка во маркетинг и продажба како и развој на бизнис идеи за идните бизниси на учесниците од обуката за пчеларство и производство на сертифициран мед, организирана од интервентен партнер.

Втора испорака:

√ Изработка на маркетинг стратегија за продажба на сертифициран мед и производи на база на мед. Стратегијата ќе биде придружена со акционен план за нејзино спроведување.

 Очекуваниот обем на работа, односно времето за испорака на секоја од услугите на компанија е како што е наведено подолу:

• Експертот за бизнис план и маркетинг ќе биде ангажиран 20 работни дена во периодот од 04.02.2022 до 25.03.2022 година.

• Експертот за маркетинг стратегија и продажба ќе биде ангажиран 30 работни дена во периодот од 04.02.2022 до 25.03.2022 година.

Очекувано времетраење на договорот:

Договорот со  маркетинг аганецијата ќе биде склучен од 4.02 до 25.03. 2022 година.

Барања за квалификација

Задолжителни технички критериуми за фирмата:

• Минимум 5 години професионално искуство во маркетинг и истражување на пазарот со посебен фокус на идентификација на продажни канали и бизнис план.

• Портфолио со комплетирање на 5 слични или идентични набавки поврзани со предметот на набавката

• Предлог тим од најмалку две лица: експерт за бизнис план и експерт за маркетинг и истражување на пазарот.

Барања за квалификација на членовите на тимот – тим од поединци:

 -Минималните барања за експерт за бизнис план (а.универзитетска или професионална диплома за финансиски менаџмент, бизнис менаџмент, економија , б) Најмалку 3 години релевантно професионално работно искуство во областа на развој на бизнис планови и/или развој на земјоделството и/или поддршка на групи на фармери

-Минималните барања за експерт за маркетинг и истражување на пазарот (а) универзитетска или професионална диплома по маркетинг, економија, слични области б. Најмалку 3 години релевантно професионално работно искуство во областа на развој на маркетинг стратегија и истражување на пазарот со посебен фокус на идентификација на продажни канали.

Начин на аплицирање:

Фирмите за овој ToR треба да ги достават следните документи:

• Ажурирано портфолио на компанијата (што укажува на работа на претходни слични ангажмани)

• Компанијата треба да ги наведе имињата на експертите вклучени во спроведувањето на бараните услуги и да ги испрати нивните професионални биографии

• Финансиска понуда, во форма на понуда (со назначување на цена за секоја услуга од дел 2 – посебен и вкупен износ за сите услуги). Понудата треба да биде изразена во МКД со вклучен ДДВ.

• Технички предлог на 2 страници со детален план за работа, предлог методологија и пристап за бараните активности

• Тековна состојба на фирмата издадена од Централниот регистар на РСМ, не постара од 6 месеци

• Поднесување на  Изјава за непостоење на конфликт на интереси за фирмата  ,  е задолжителна

Документите/понудите да се достават на е-пошта nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk  најдоцна до 28.01.2022 година.

Евалуација на понудите:

Понудите со комплетна документација и/или понуди пристигнати по истекот на рокот, нема да бидат земени в предвид. Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

40% претходна или слична работна задача

60% најповолна финансиска понуда

Целосниот опис на активноста е наведена во прикачениот документ, и воедно е прикажена и декларацијата која треба да се потпише.

ToR-company-for-procurement-of-equipment-for-beekeeping-3

 

PDF Embedder requires a url attribute Deklaracija-za-nepostoenje-na-konflikt-na-interes