Националната федерација на фармери стана партнер организација на Европската организација Копа – Кожека, која претставува обединет глас на земјоделците и земјоделските задруги во Европската унија и која работи на остварување на правата и интересите на земјоделците и земјоделските задруги во ЕУ. Процесот на воспоставување на партнерството се одвиваше во март и април 2021 со тоа што Националната федерација на фармери ги исполни условите да стане партнер организација на Копа – Кожека. „НФФ во тековниот период добива информации за европското земјоделство и рурален развој и тие информации ги споделува со своите членови, но воедно ќе биде активна во следењето на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската унија во поглавјата за земјоделство и рурален развој. Ова е значаен чекор за организацијата и за земјоделците во насока на подобра информираност, едукација и лобирање за развој на македонското земјоделство и негово приближување до европското“, потенцира Билјана Петровска – Митревска, проект менаџер во Националната федерација на фармери. Процесот беше целосно поддржан од проектот на Националната федерација на фармери „Институционална поддршка на НФФ“, подржан од Шведската организација за развој We Effect.