Пред членовите од потсекторските групи на НФФ во МЗШВ и во самата организација, како и пред членовите на Управнит одбор на НФФ беа презентирани ЕУ кратки прегледи за земјоделската политика и рурален развој. Изработени се 4 ЕУ прегледи :Заедничка земјоделска политика, Мерки на заедничка земјоделска политика, Организации на заеднички пазари, Продуктивноста на фармите на ЕУ и првична верзија на Водичот за лидерство и претприемништво. Презентациите се направени од страна на професори и професорки од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје и денес беа презентирани од страна на проф. д-р Алесандра Мартиновска Стојчевска, доц, д-р Емељ Туна, доц. д-р Ивана Јанеска Стаменковска, доц. д-р Марина Нацка и доц. д-р Ана Симоновска. Целта на ЕУ кратките прегледи е поголема информираност на земјоделците и руралното население за ЕУ земјоделската политика, како и користење на анализите во процесот на лобирањето на самата организација. Активноста е дел до Проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржана од Шведската организација за развој We Effect.