Во рамките на студиската посета во Словачка, Националната Федерација на фармери реализира средба со Агроинститутот во Нитра и Асоцијацијата на млади фармери. Работата на Агроинститутот ја презентира директорката на истоимената институција Марија Дебречениова, која потенцира дека оваа институција врши сертификација и мониторинг на работата на советниците во земјоделскиот сектор. Студиската посета е дел од Проектот „Институционална поддршка на НФФ“ подржана од Шведската организација за развој WE Effect.