25 килограми јуфки подготвени на манифестацијата „Јуфкијада“ организирана од НФФ се донирани во Дневниот центар за децата со посебни потреби, Домот за деца без родители и Домот за стари лица во Берово.

Светлана Трифуновска, една од домаќинките на Јуфкијадата и локална кординаторка од Мрежата на жени – фармери во НФФ за беровскиот регион истакна дека целиот настан беше прекрасен и тие како организатори се презадоволни од целото случување. Таа смета дека настанот доживеал соодветна промоција и дека сето тоа претставува соодветна презентација на Будинарци, беровскиот крај и продуктите направени од рацете на вештата рурална жена.

Имено, минатиот месец по седми пат во организација на НФФ се одржа Јуфкијада 2019. Јуфкијадата, оваа година, за првпат се одржа во беровското село Будинарци каде што 60 жени од сите краеви во Македонија преку подготвување на јуфките ја истакнаа својата вештина, труд и хуманиот карактер на селото.  

Манифестацијата е организирана како дел од активностите на проектот  “Институционална подршка на НФФ” подржан од We Effect.