Климатските промени се закана за македонското овоштарство. Се почести се касните пролетни мразеви, кои прават големи штети во производството на јаболка. За таа цел Националната Федерација на фармери организираше обука со преспанските овоштари членки на здружението „Благој Котларовски“, каде што обуката ја држеше  професорот Марјан Кипријановски.

Овоштарите беа запознати и со новитетите во борбата против климатските промени, но и политиките кои државта треба да ги инплементира. Кипријановски посочи дека треба да се напушти моделот на осигурување на овошните насади  од временски непогоди, а во исто време треба да се креираат мерки за заштита на овошните насади со против градобијни мрежи како и други техники за борба против климатските промени. На предавањето професорот Кипријановски истакна дека потребите од вода за наводнување  во текот на вегетацијата се од 1970 година  и до денес се речиси двојно зголемени, што во пракса значи поголеми трошоци за овоштарите, но и поголеми тршоци за  заштита заради зголемување на температурите како резулатат на климатските промени.

Предавањето е дел од активностите на проектот „Институционална поддршка на НФФ“ со поддршка на We Effect.